Нема да ви се верува: Најчудните работи кои поминале низ обезбедувањето на аеродромите

- Advertisement -

Аеродромското обезбедување понекогаш може да биде напнато место – секогаш е преполно, ви ги распакуваат торбите, некогаш дури ве тераат и чевлите да си ги соблечете.

Меѓутоа, колку и да е професионално обезбедувањето на аеродромот, понекогаш може да се случат чудни работи додека поминувате низ овој чекор од патувањето со авион.
На сајтот “Quora” читателите споделиле некои од своите бизарни искуства на аеродромското обезбедување.

Велосипед-На меѓународниот аеродром во Мајами, полицијата имала чуден начин за транспорт во итни случаеви. Се случува на спикерот да им се каже на сите патници да останат каде што се и да не се помрднуваат поради безбедносни причини. Потоа, терминалот станува како музеј на „статуи“, а единственото нешто кое се движи се полицајците на велосипеди кои се обидуваат да возат измеѓу напнатите луѓе.

- Advertisement -

Желки-На пат од Јапонија, една жена ја ставиле на земјоделски скенер. Иако нејзините торби биле брзо прегледани, се направил вистински метеж, бидјеќи човекот пред неа бил зачуден од фактот дека не може да понесе во своите торби десетици живи желки.

Куче скитник-На малиот аеродром на островот во Порторико од каде што полетуваат само локални летови и аеродромскиот персонал е неформално и пријателски настроен, живее едно преслатко куче. Жената која го видела ова истакнува дека кучето изгледало здраво и дека очигледно за него се грижат и туристите кои поминуваат, и персоналот од обезбедувањето. Дури на себе имало капа и облека.

„Силата“-Еден патник на аеродромот во Амстердам забележал човек кој купил играчка од „Војна на ѕвездите“ – лајтсејбер. И тоа, не станувало збор за било каква играчка, туку за некоја вредна неколку стотици евра, а потоа дошол на контролата пред да влезе во авионот. Обезбедувањето не му верувало дека се работи за играчка, па пред сите морал да демонстрира дека овој лајтсејбер нема никого да пресече на половина.

Даска за WC школка-Оваа жена сигурно спаѓа во оние луѓе кои исклучително се згрозени од јавните тоалети. Толку многу, што некои патници ја забележале како на аеродромот во Канкун насекаде со себе носи своја сопствена даска за WC школка.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави