Рецепт за пијалок што можете, да речеме, да го пиете наместо чај! И, само гледајте како исчезнуваат масните наслаги!
Потребно е:
-
- една лажичка јаболков оцет
- прстофат лут мелен црвен пипер
- сок и кора од еден лимон
Приготвување:
Изрендајте кора од лимон и прелијте ја со 240 мл топла вода. По десет минути, додадете сок од лимон, јаболков оцет и мелен пипер. Промешајте пред секоја голтка и пијте го напитокот пред и после секој оброк.
Мелениот црвен пипер помага при варење на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на маснотиите. Неговата состојка, капсаицинот, го стимулира нервниот систем да произведува топлина во телото, што поттикнува забрзана потрошувачка на калории.
Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на маснотиите, а неговата кора содржи поликозанол, соединение кое помага во согорување на депонираната маст.
Јаболков оцет, односно неговата редовна потрошувачка во умерени количини, помага да се растворат маснотиите во организмот.