Нејзините родители биле робови, а таа успеала да стане милионер

- Advertisement -

Како што стануваше побогата, таа поминуваше сè повеќе време на добротворни цели. Таа држеше предавања, се бореше против неправдата во светот и донираше пари.Sarah Breedlove, позната и како Madame C. J. Walker, е симбол на американскиот сон. Нејзините родители биле робови, а кога починала во 1919 година на 51 година, таа станала милионерка.

Ропството е укинато две години пред нејзиното раѓање, па затоа таа била прва во семејството која се родила слободна. Изгради бизнис од нула и обезбеди работни места за неколку илјади афро-американски жени. Дури и Нетфликс направи мини-серија за нејзиниот живот, пишува Bright Side.

И покрај социјалната неправда, таа работела и ги остварила своите цели. Sarah Breedlove е родена во 1867 година во јужниот дел на САД, во Луизијана. Нејзините родители, постарите браќа и сестра биле робови на полињата со памук. Но, Сара е родена во слобода. Кога имала седум години нејзините родители починале, а таа се преселила кај нејзината сестра и сопругот. Работела како слугинка уште од дете и немала многу време за учење. Имала само три месеци формално образование.На 14 години се омажила за Moses McWilliams, не затоа што го сакала, туку затоа што сопругот на нејзината сестра бил многу нападен човек, а овој брак и бил начин да се обезбеди. Четири години подоцна, Сара и Мојсеј ја добиле ја ќерката A’Lelia.

- Advertisement -

Две години подоцна, нејзиниот сопруг починал. Така, како 20-годишна девојка станала самохрана мајка и вдовица. Во Сент Луис се преселила во 1888 година затоа што нејзините браќа живееле и работеле таму како бербери. Заработувала за живот со перење алишта и готвење за другите за да ѝ овозможи на ќерката да оди на училиште. Заработувала нешто повеќе од еден долар на ден.

Повеќето Американци на почетокот на 20 век немале електрична енергија и вода, па ретко се капеле, и како резултат на тоа ја губеле косата и имале големи проблеми со кожата. Сара страдала од тоа повеќе од другите поради хемикалиите со кои работела како перачка. Така, таа за малку ќе ја изгубела косата. Но, благодарение на нејзините браќа, научи нешто за нега на косата, па почнала да прави разни препарати за коса во нејзината кујна и се надевала дека овие состојки ќе ги решат проблемите. И успеала во тоа. Тоа им се допаднало и на нејзините пријатели и познаници, и така започнала да ги продава. Отпрвин тоа го сторила одејќи од врата до врата.

Компанија за производство на Мадам Ц.. Вокер, сега Национална историска одредница
Сара се омажила за новинарот Чарлс Вокер во 1906 година и се прославила под негово име. C. J. стана нејзин деловен партнер кој ѝ помагал во рекламирање и ги научил жените како да се грижат за косата и да ја обликуваат. Нејзината ќерка, пак, пораснала и ги завршила студиите, и се тавила во помош на нејзината мајка.

Се преселила во Индијанаполис 1910 година и го отворила седиштето на производната компанија Madame C. J. Walker. Таа изградила фабрика со лабораторија, фризерски салон и училиште за убавина каде ги учела своите агенти. До 1917 година, Madame C. J. Walker вработила околу 20 000 жени.Нејзините агенти заработувале од пет до 15 долари на ден. Желбата ѝ била афро-американските жени да се стремат кон финансиска независност, па ги охрабрила жените да започнат сопствен бизнис и ги научила како да заработат пари.

Како што станувала побогата, таа поминувала сè повеќе време на добротворни цели. Држела предавања, се борела против неправдата во светот и донирала многу пари за тоа време. Пред да почине, подарила повеќе од 100.000 УСД на домови за сираци и други социјални институции. Во својот тестамент навела и дека 2/3 од наследството оди во добротворни цели.Почина на 51-годишна возраст како најбогата Афроамериканка. Нејзиното богатство било процененето на околу 600 000 (денешни 8 мил.). Две години пред да умре, таа сè уште не била милионерка, но успеала да стане по смртта.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави