Секој од нас при некое патување низ светот искусил некаков културен шок.
Во продолжение прочитајте уште некои традиции кои постојат и денес и кои се прилично шокантни.
Не користат тоалетна хартија
Многумина туристи ќе бидат изненадени што во Индија во тоалетите нема да најдат тоалетна хартија. Наместо тоа, поставен е мал сад со вода за миење по вршење на нуждата. Употребата на тоалетната хартија според Индијците е лоша идеја бидејќи може да ги затне цевките и на тој начин да се направи дополнителна штета.
Не одат во тоалет три дена
Во заедницата Тидонг во Индонезија, брачната двојка не смее да користи тоалет три дена по венчавката. Се смета дека тоа ќе донесе лоша среќа за нивниот брак. Младенците се набљудувани од членовите на семејствата за да се осигураат да не ја прекршат традицијата. Во тие три дена им се даваат само мали количини храна и вода.
Се поздравуваат со плукање
Додека во многу култури плукањето се смета за непристојно, во племето Масаи плукањето е вообичаен гест за покажување почит. Членовите на племето плукаат во своите дланки пред да се поздрават, а тоа го прават и со новородените бебиња како и со невестите, и на тој начин ги благословуваат.