НЕ СТЕ НИ СВЕСНИ КОЛКУ Е ЗДРАВО: Лажица јаболков оцет пред спиење отстранува дури 10 тегоби.Јаболковиот оцет има многу добри својства, како што сите знаеме, но има и такви кои не се толку познати.
Овие десет добри својства на јаболковиот оцет максимално можете да ги искористите ако испиете една кафена лажичка пред спиење, а наскоро тоа веројатно ќе ви стане навика!
1. Третирајте го воспаленото грло со јаболков оцет
Има антибактериско дејство и создава кисела средина. Само проголтајте една лажичка јаболков оцет еден час пред да заспиете, а потоа уште половина час пред спиење. Последната лажичка конзумирајте ја непосредно пред спиење.
2. Ослободете се од непријатниот утрински здив
Јаболковиот оцет ги убива бактериите кои предизвикуваат лош здив во устата.
3. Вратете ја желудочната киселина
Лажица јаболков оцет измешајте со вода и испијте го овој раствор еден час пред да си легнете.
4. Спречете го лошото варење
Со пиење мешавина од мед, лажичка јаболков оцет и вода половина час пред спиење, ќе ја започнете работата на дигестивниот систем и ќе спречите запек.
5. Високиот шеќер во крвта е најчеста причина за несоница
Јаболковиот оцет ја зголемува чувствителноста на инсулин и го намалува шеќерот во крвта. Непосредно пред да заспиете, консумирајте две лажички јаболков оцет. Пред да го испробате овој метод, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако користите лекови за дијабетес.
6. Болки
во стомакот Истурете една лажичка јаболков оцет во чаша топла вода и добиениот раствор може да го реши проблемот со стомачните болки.
7. Икање
Оваа непријатна состојба ќе исчезне со помош на горчливиот вкус на јаболков оцет, па затоа се препорачува да проголтате една лажичка органски јаболков оцет кога ќе започнете икање.
8. Проблем со алергии
Измешајте една лажичка јаболков оцет во чаша вода и конзумирајте ја оваа смеса непосредно пред да заспиете.
9. Глад пред спиење
Ако често се чувствувате гладни пред да заспиете, само испијте мешавина од вода и лажичка јаболков оцет наместо да посегнувате по висококалорична храна.
10. Сè што сте јаделе во текот на денот согорете го со напиток од јаболков оцет
Состојки: 2 лажици сечкан магдонос, голема шолја вода, малку цимет, малку јаболков оцет, една лажичка мед, една лажичка ѓумбир, исцеден сок од лимон.
Подготовка: Доведете ја водата да зоврие, додадете магдонос и оставете да се излади. Процедете, па додадете ги останатите состојки.
Овој напиток пијте го секоја вечер еден час пред спиење, две недели. Ако сакате да продолжите, направете пауза од најмалку 3 дена, па повторете.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!