Поради бизарен сплет на околности, Ник Бурчил цели 17 години не смеел да стапне во хотелот Fairmont Empress во канадската држава Викторија.
Несреќниот Канаѓанец им овозможил на галеби целосно да ја уништат хотелската соба во која престојувал, по што добил забрана за влез во хотел. Но, и без неа тој бил доволно засрамен повторно да се појави таму.
Оваа година конечно собрал храброст и до хотелот напишал писмо со извинување во кое објаснил што точно се случило тоа попладне. Директорот на хотелот се насмеал откако го прочитал писмото и со задоволство му ја укинал забраната за влез.
Според зборовите на Ник, целата драма започнала во 2001 година кога тој во хотелот отишол поради работен состанок. Со себе носел полна торба кобасици и салами, но бидејќи фрижидерот и клима уредот во хотелската соба не работеле, тој се сетил дека производите може да ги остави до отворениот прозорец за истите да бидат свежи.
-Надвор беше студено, сигурно нема да се расипат, си помислил тогаш Ник, по што заминал на прошетка која траела околу 4-5 часа. Кога се вратил во собата, имал што да види.
Десетици галеби влегле во собата преку отворниот прозорец и уништиле се што можело да се уништи.
-Се сеќавам дека одев по ходникот, ја отворив вратата и видов дека внатре има најмалку 40 галеби. Можете само да замислите како ми изгледаше собата. Тепихот, лампите, столиците…Се беше уништено, раскажува Ник.Очајниот маж не знаел што да прави, па по кусо размислување одлучил галебите кои биле во собата да ги брка со чевел.Во еден момент ги загубив нервите. Го фрлил чевелот во правец кон нив, но тој летна низ прозорецот, додава мажот.Откако успеал да ги избрка галебите од собата, одлучил да го игнорира нередот и се подготвил за состанокот. Меѓутоа во хотелот снемало струја и тој морал да побара помош од рецепција.
-Никогаш нема да го заборавам лицето на собарката кога влезе во собата. Успеав да изустам само едно „извинете“ и избегав на вечера
По вечерата Ник го дочекала порака дека неговите работи се преместени во друга соба и дека веќе не е добредојден во хотелот.
Од срам исчезнал, но по 17 години одлучил да испрати писмо до хотелот со извинување и да ги праша дали може повторно да биде нивен гостин. На негово воодушевување, брзо пристигнал одговор кој бил позитивен.
-Не само што е добредојден, туку ќе му овозможиме клима уредот да работи совршено за да може кобасиците слободно да ги остави во собата. Тие ќе останат свежи и без да треба да го отвори прозорецот, стои во одговорот од директорот на хотелот.