„Никој не може да го уништи машкото дете како што може мајката“, тврдел Јунг: Само доколку го направи ова тој може да стане вистински маж

- Advertisement -

„Никој не може да го уништи машкото дете како што може мајката“, тврдел Јунг: Само доколку го направи ова тој може да стане вистински мажПсихолозите често наведуваат дека воспитувањето машко дете е најтешкиот процес. Меѓутоа, во денешниот свет е тешко да се воспитуваат и машките и женските деца, подеднакво.

А во однос на воспитувањето на машките деца, Јунг верувал дека воспитувањето кое не одговара на правилниот развој на детето, може да доведе до формирање на таканаречениот комплекс „маж-дете“. На пример, доколку таткото не ѝ пружил емоционална поддршка и внимание на мајката, таа може да почне да го бара тоа кај детето и на тој начин да создаде подлабока врска отколку што е потребно. Мајката може да стане премногу грижлива и да го „задуши“ својот син со своето внимание, врзувајќи го за себе и оневозможувајќи му да се ослободи од чувствата на зависност од неа.

Како дете на таква компулсивна мајка, едноставно мажот не може да живее сам. Таа постојано ќе ги коригира сите негови грешки и ќе ги носи сите важни животни одлуки за него сè додека тој тоа и го дозволува. Во книгата „Modern Jungian Clinical Practice“ се вели:

- Advertisement -

„И еве еден човек кој стои пред вас, живее во минатото и се обидува да побегне од овој студен и суров свет, кој не може да го разбере. Неговата мајка е често покрај него, не покажувајќи ни трошка загриженост за фактот дека нејзиниот син треба да порасне како маж, а дека таа не прави ништо за да му помогне да порасне и да основа свое семејство.

Веројатно сведоци сте на некаков „заговор помеѓу мајка и син“ и гледате како тие двајца си помагаат да го одбегнат вистинскиот живот.

Тој прави само низа мали обиди да се ослободи од ова, бидејќи неговата иницијатива и издржливост се парализирани од постојаното потсетување дека мир и среќа може да се добијат само од неговата мајка … За да се прекине овој процес потребни се машкост, храброст и одлучност да го направи тоа. Тој ќе мора да се избори со помислата и поврзаноста и да заборави својата мајка воедно и да го преживее „раскинувањето со првата љубов во животот“.

Таа мисла е многу длабока и нејзиното постоење некому може да изгледа нереално, но поентата е дека мајките кои воспитуваат и поддржуваат ваков однос со детето, сето тоа го прават свесно, без разлика дали тоа го признаваат или не.

Синовите не можат да ја најдат вистинската среќа надвор од скутот на нивната мајка, бидејќи тие ги попречуваат на секој можен начин. Самиот мајчин комплекс кога детално ќе се разгледа е прилично шокантен. Некои мажи навистина не можат да достигнат психолошка зрелост поради недостатокот на татко и она што им треба од него. Но, за успешен и независен живот, таквите мажи треба да се ослободат од зависноста што нивната мајка ја чувствува кон нив.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави