Секое оштетување на корен на заб предизвикува неподнослива болка. Постојат многу причини за дополнително оштетување на нервите, на пример: пропаѓање на заб, губење на заб, скршени заби, кариес, воспаление на непца…
Силната болка често го отежнува секојдневниот живот. Пациентот не може да спие, да јаде и да зборува. Ако често ве болат забите, најдобро е да се обратите кај стоматолог. Меѓутоа, понекогаш едноставно не можеме да одиме на заболекар, особено ноќе.
Во тој случај пробајте го овој домашен лек, кој привремено ја олеснува болката.
Состојки: 1/2 лажичка прав каранфилче; 1/2 лажичка кокосово масло.
Правот од каранфилче содржи еугенол – хемиско соединение кое ја ублажува болката. Кокосовото масло има антимикробни својства.