Новиот директор на “Ѕвездите на Гранд“ си купи вила од милион и петсто илјади евра, а сосетката Емина Јаховиќ во текот на летото ужива кај него

- Advertisement -

Александар Милиќ-Мили новиот директор на мега познатата “Гранд продукција“ која освен што организира популарно балканско шоу “Ѕвезде Гранда“ и ја има “Гранд телевизијата“ е еден од најбогатите Срби на естрадата.

Тој ја купи оваа продукција од Лепа Брена и Саша Поповиќ, но тука не застана. Полн со пари пред некое време купува и скапоцена вила која чини милион и 500 илјади евра, а со вила и јахтата која е нешто “поевтина“. Чини “само“ 600 илјади евра!


Мили, кој и ние го гледаме преку ТВ канал 5 во “Ѕвездите на Гранд“ деновиве е на летување во тоа своето ново семејно гнездо во Турција. А, гнездото е во непосредна близина до куќата на пејачката Емина Јаховиќ која поради синовите, преку лето живее во Турција, откако се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал.

- Advertisement -

Во царството на целoто тоа богатство, овој поранешен композитор на Цеца Ражнатовиќ вели дека најдобро е кога парите се вложуваат во некоја недвижност, не толку во јахтите, бидејќи може некој и да ги уништи. “Кутриот“ Мили! Д.М. фото:Инстаграм

Последни објави

spot_img

Поврзани објави