НОЌТА ПОМЕЃУ 11 И 12 АВГУСТ ЌЕ БИДЕ НЕЗАБОРАВНА: Бидете сигурни да гледате во небото, еве што се очекува!
Дали во Августовските вечери се имате загледано во небото? Ако е така, тогаш забележавте дека е полно со sвезди – како целиот космос да се отвори пред нас.
И оваа година, месец август ни носи метеорски дожд на Персеиди, метеори кои се активни на небото од 17 јули до 24 август.
Овој дожд од ѕвезди што паѓаат ќе го достигне својот врв ноќта помеѓу 11 и 12 август, а потоа бројот на метеори ќе почне да се намалува.
ќе имате најголема шанса да видите ѕвезда што паѓа ноќта на 12 август, а тоа најдобро ќе се види по 23 часот, односно од полноќ до зори.
Персискиот дожд се смета за најубав, бидејќи овие метеори имаат најимпресивен сјај и брзо паѓаат. Блесоците им се многу силни, и најдобро е да ги набудувате во природа каде небото е отворено, а воздухот не е загаден.
Тие можат совршено да се видат од темнината, па затоа со блиска личност појдете на ридот или планината, уживајте во прекрасниот огномет на ѕвездите што паѓаат од небото.
Запомнете, на вашите очи им треба малку време да се навикнат на темнината и само тогаш започнете да набудувате.
Можете да го практикувате овој ритуал на 11, 12 и 13 август и сигурно ќе видите ѕвезда што паѓа за која се верува дека има моќ да ја пренасочи енергијата во постигнување на она што го сакате.
Ова е одлична можност да размислите за промените што сакате да ги направите во животот и да сфатите како да ги постигнете вашите цели и желби.
Кога гледате ѕвезда што паѓа, замислете искрена желба, од срце, затворете ги очите и замислете ја вашата желба неколку минути, а потоа продолжете да го набудувате небото.
Ако гледате повеќе ѕвезди што паѓаат во текот на ноќта, можете повторно да ја замислите истата желба или да помислите на друга.
Важно е само тоа да е од срце и да не ја откривате својата желба на другите, туку да ја чувате во тајност.