Нутриционистите советуваат: Прави чуда за имунитетoт, ја подобрува состојбата на кожата и помага во борбата со килограмите – во чаша со вода додадете ја само оваа состојка

- Advertisement -

Многу е лесно од обичната вода да направите не само вкусен туку и здрав пијалак.

Доволно е во неа да додадете само едно парче лимон, а нутриционистите ги истакнуваат бројните предности на тој пијалак.

Го јакне имунитетот
Пиењето вода со лимон заедно со редовната исхрана ќе ја олесни борбата против болестите благодарение на својствата кои ги има цитрусот, а кој го зголемува и имунитетот, велат експертите.

- Advertisement -

„Еден лимон обезбедува околу 20 милиграми витамин Ц, што е околу 20 отсто од дневната количина која се препорачува“, вели Алисија Галвин, доктор по медицина и нутриционист.

„Витаминот Ц е добар за имуниот систем и делува како антиоксидант“.

Го намалува ризикот од појава на камења во бубрегот
Каменот во бубрег не е само болен туку и болест која погодува поголем дел од луѓето.

Според студија објавена во списанието „European Urology“, 8,8 отсто од возрасните во текот на животот се соочуваат со овој проблем.

За среќа, редовното пиење вода со лимон во голема мера го намалува ризикот од оваа појава.

„Доколку имате одреден вид камења во бубрезите, цитратот во лимоновата вода ќе ви помогне тој да се разбие, а помага и во неговото разложување“, вели нутриционистката.

Ја подобрува состојбата на кожата
Според истражување објавено во списанието „Nature“, витаминот Ц кој го има во лимонот помага во синтезата на колагенот, што прави кожата да изгледа помладо и поздраво.

Помага во губење на килограмите
„Водата може да ви помогне да се чувствувате сито, особено доколку ја пиете пред оброк“, вели нутриционистката Џесика Бајпен.

„Консумирање вода со лимон пред и во текот на оброкот може да ви помогне да ги изгубите килограмите и да го намали внесот на калории во вашето тело“.

Нутриционистката Лорен Слејтон советува дека секое утро треба да пиете една чаша сок од цеден лимон. Како што вели таа, многу е поздраво да го започнете денот со тој напиток отколку со кафе:

„Пиењето вода со лимон наутро после спиењето – е исклучително корисна навика“, вели таа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави