Оваа намирница е забранета во домот на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Никогаш не ја консумираат

- Advertisement -

Оваа намирница е забранета во домот на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Никогаш не ја консумираат.Новак Ѓоковиќ и неговиот фантастичен успех во тенисот често се објаснуваат не само со напорните тренинзи и талент туку и со внимавaњето на здравјето кое се базира на специфична исхрана.

Самиот Новак Ѓоковиќ повеќе пати одбил да се изјасни како веган или вегетаријанец. Тој вели дека неговата исхрана е базирана на растенија повеќе години и дека постојано се храни така.

Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но тенисерот не бега од јаглехидратите. Главно, неговиот ручек се базира на тестенини и нудли, па така си обезбедува јаглехидрати, но секогаш станува збор за безглутенски тестенини.

- Advertisement -

Кога станува збор за слатките, популарната анегдота по освојување на турнирот во Австралија во 2012 година вели дека јадел чоколадо, само една коцка, а останатиот дел од истото останало недопрено.

Тој затоа кога е на терен постојано при рака има урми кои се одличен извор на многу низок гликемиски индекс.

Од овошје богато со шеќер јаде банана, а секој ден консумира и по две лажички мед. На крај, неговата исхрана има многу јаткасти плодови и семки.

- Advertisement -

Токму тоа се состојките со кои Јелена прави колачи и намирници кои секогаш ги има дома.

Значи, експериментирајте и сами, советувала таа во една прилика – помешајте мелени јаткасти плодови по вкус, додадете урми, кокосово масло, а може и бобинки, јагоди, малини. Индискиот орев исто така може да биде одличен додаток. Замесете тесто и формирајте бомбици. Одлична здрава алтернатива за слатки.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави