Стотици илјади луѓе би можеле да бидат заразени, а тоа да не го знаат.
Микроплазма гениталиум е првенствено идентификувана пред 30 години, а сега е утврдено дека станува збор за полово пренослива болест. Проценето е дека еден процент од популацијата на возраст помеѓу 16 и 44 години, се заразени. Промискуитетните лица, односно, оние кои често ги менуваат партнерите и при тоа не користат соодветна заштита, живеат во сиромашни краеви – се најризичната група.
Долгорочните ефекти од микроплазма гениталиум се’ уште не се познати во целост, но може да предизвика воспаление на гениталиите, како и да доведе до неполодност кај жените.
Во истражувањето учествувале 4 500 луѓе, но она што посебно загрижува е дека луѓето кои биле позитивни на оваа болест главно немале никакви симптоми. Всушност, околу 10% од мажите и речиси половина од жените немале симптоми. Сепак, жените кои имале, пријавиле крвавење после сексуалниот однос.
Научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања врзани за оваа полово пренослива болест, за да можат да се утврдат последиците и нивниот обем.