Ова е човекот кој Цеца го сакала пред Аркан: Пеела на свадбата на ќерката на поранешниот дечко, еве како денес изгледа (ФОТО)

- Advertisement -

Првата љубов тешко се заборава.

Сите добро знаеме дека Светлана Цеца Ражнатовиќ била мажена за командатот на Српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан, со кој го има синот Вељко и ќерката Анастасија.

Сепак, кон крајот на осумдесетите Цеца не била сама. Првото момче на пејачката за која знаела домашната јавност бил фудбалерот Владан Лукиќ, а медиумите пишувале дека токму него му го посветила големиот хит “Пустите ме да га видим”.

- Advertisement -

Љубовта помеѓу Цеца и Владан процветала во 1989 година, кога тој бил познат играч на Црвена Ѕвезда, а таа пејачка која градела кариера во Белград. Фудбалерот тогаш имал 18, а таа само 15 години.

Се споменувало и тоа дека дури се вериле и подготвувале свадба, но дека се разделиле во 1990 година, кога Владан заминал во војска.

Ќерката на Владан се омажила пред неколку години, кога на свадбата и пеела токму Цеца, а по овој повод пејачката се фокусираше и на врската со Владан.

“Јас дојдов овде преку врски од едно 30 години, кога јас и Влада се запознавме, тој знаеше на време со кој треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакаше јас да пејам. Гледам дека сте прекрасно расположени” прокоментирала Цеца.

Лукиќ за време на турбулентите времиња во Србија играл во Франција, но не можел да поднесе да игра фудбал додека неговиот народ пати и се вратил во Србија. После тоа, година дена играл во Грција и на само 30 години ја завршил својата кариера.

Владан е поранешен претседател на Црвена Ѕвезда, а неговото име се најде и помеѓу кандидатите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Погледнете како тој изгледа денес:

Последни објави

spot_img

Поврзани објави