Ова се 12-те најважни работи што треба да ги знаете од експлозивното интервју со Меган и Хари

- Advertisement -

Како што се очекуваше, големото интервју што принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ѝ го дадоа на популарната водителка Опра Винфри одекна како бомба, пренесува „Гардијан“.Маркл и нејзиниот сопруг изнесоа низа шокантни детали за животот во кралското семејство, а ова се 12-те најинтересни детали.

1. Војвотката од Сасекс размислувала за с. додека била активна членка на кралското семејство.
„Не сакав повеќе да живеам. Се сеќавам дека Хари ме тешеше и ме поддржуваше.“
Таа тврди дека побарала помош од палатата, но дека тие одбиле да ѝ ја пружат.
Тие ми рекоа: „сочувствуваме со тебе, бидејќи гледаме колку е лошо, но ништо не можеме да сториме за да те заштитиме затоа што не си платен вработен во оваа институција“.

2. Додека била бремена со Арчи, на принцот Хари му ја изразиле загриженоста за бојата на кожата на нивното неродено дете.
3. Меган ги негираше тврдењата од написите во весниците дека ја расплакала војвотката од Кембриџ воочи нејзината венчавка со Хари, велејќи дека тоа било пресвртна точка во нејзиниот однос со медиумите. На прашањето дали е вистина дека ја расплакала Кејт, таа рекла дека вистината е обратна, и дека медиумите погрешно пренеле.
4. „Сите луѓе од мојот круг добија многу јасни насоки од моментот кога светот дозна дека Хари и јас сме во врска, а тоа беше на прашањата за мене да одговаараат „без коментар“, констатирала Маркл за време на интервјуто, па потоа утврдила дека тогаш верувала дека кралското семејство сака да ја заштити. Од една страна е семејството, а од друга страна се луѓето што ја водат Институцијата. Овие се две одделни работи и важно е да се оддели тоа затоа што, на пример, кралицата секогаш беше прекрасна кон мене – рекла Меган.

- Advertisement -

5. Принцот Хари тврди дека неговиот татко Чарлс престанал да одговара на неговите повици кога сакал да разговара со него за плановите да ги напушти кралските должности. Тој негирал дека со тој потег ја изиграле кралицата, велејќи дека има премногу почит кон неа.
Имав три разговори со баба ми за тоа и два разговори со татко ми пред тој да престане да одговара на моите повици. А, потоа се јави и ме праша дали можам да го ставам сето тоа на хартија – рекол Хари.

6. Принцот Хари рекол дека престанал да добива пари од палатата во првиот квартал на 2020 година. Тој истакнува дека морал да продолжи да го плаќа своето осигурување и тоа било мотивација да потпише профитабилни договори со „Нетфликс“ и „Спотифај“. Меган рекла дека не ги добиле парите за интервјуто со Опра, а Хари додал дека исто така има пари што му ги оставила неговата мајка, принцезата Дијана, и дека на почетокот на нивниот живот надвор од кралското семејството, тие пари им помогнале.
7. Меган во едно интервјуто откри и дека парот се венчал три дена пред јавната венчавка на приватната церемонија. Тие размениле завети во нивниот двор во присуство на надбискупот од Кантербери.

8. Двојката откри дека ќе станат родители на девојче во текот на летото. Открија и дека по раѓањето на девојчето не планираат понатаму да го прошируваат семејството.
9. Меган исто така раскажала дека не смеела да ја напушта куќата често, затоа што луѓето во Фирмата, име што понекогаш се користи за кралското семејство, биле загрижени за тоа како тоа би можело да изгледа.Знам дека можеби сте загрижени како може да изгледа, но дали некој размислил за тоа какво е тоа чувство“, ги прашала таа. Тврди дека се чувствувала многу осамено.

10. Опра исто така го праша Хари дали би ги напуштил кралските должности ако не ја запознал Меган.Не – рекол тој и истакна дека бил заробен, но дека не бил свесен за тоа.
Бев заробен во системот, како и остатокот од моето семејство. Татко ми и брат ми се заробени.
11. Не било баш сè лошо ниту за кралското семејство. Меган вели дека кралицата отсекогаш била прекрасна кон неа и секогаш ќе се сеќава на нивните заеднички патувања со воз кога кралицата ѝ подарила бисерни обетки и ѓердан, и кога ѝ го дала своето ќебе да се покрие.

Принцот Хари истакнува дека има многу добри односи со неговата баба.
Таа е мојот главен заповедник.
12. Опра ги интервјуираше Хари и Меган во нивната вила во Санта Барбара. Интервјуто се одвивало во и околу кокошарникот каде се наоѓаат пилиња кои тие ги спасиле од фабричката фарма. Опра држела картон со јајца. Меган држела мала корпа со јајца. Кокошарникот се вика „Archie’s Chick Inn“.

ФОТО: Јутјуб

Последни објави

spot_img

Поврзани објави