Овој зачин е стар скоро 4. илјади години – СПРЕЧУВА ПОЈАВА НА КАРЦИНОМ, ПОПРАВА РАСПОЛОЖЕНИЕ:

- Advertisement -

Зошто чајот од шафран е вистинско боигатство за вашиот организам?
Шафранот е познат со векови – и ова е можеби единствениот зачин чија вредност малку се променила од средниот век, кога половина килограм од овој зачин можел да се замени со арапски коњ.

Шафранот се добива од цветовите на посебната сорта на крокус, кој најчесто се одгледува во Иран, Индија и Грција. Цвета само три до четири недели во октомври и ноември. Покрај тоа, по садењето семе од крокус, потребни се три години за да цвеќињата пораснат. На секое растение се појавуваат три до четири цветови, кои внимателно се отстрануваат со рака и потоа се сушат.
Денес, сè уште е високо ценет како зачин што се користи во готвењето и како алтернативен начин за лекување на разни болести. Неколку студии докажале дека шафранот е ефикасен за различни намени. Како и многу други зачини, може да се користи и како чај. Еве зошто би требало да го пробате:

Природен антидепресив
Шафранот се нарекува „зачин на сонцето“ не само поради неговата боја. Се верува дека овој зачин го подобрува расположението. Според истражувањето, тој всушност може да ги намали симптомите кај луѓето со депресивно растројство. Како резултат, шафранот може да се користи како алтернатива на антидепресивите

- Advertisement -

Му помага на срцето
Шафранот содржи многу различни хемиски состојки, а некои од нив можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол, истовремено обезбедувајќи заштита од срцеви заболувања со антиоксидантни својства.

Ублажување на симптомите на ПМС
ПМС може да предизвика низа проблеми, почнувајќи од промени во расположението до физички непријатности. Покрај тоа, кај некои жени, оваа симптоматологија е многу изразена и предизвикува вистинско страдање. Ако не сакате редовно да земате лекови, тогаш чајот од шафран може да биде достојна замена.

Подобрување на меморијата
Шафранот ги содржи хемикалиите кроцин и кроцетин, кои помагаат во подобрување на меморијата и ефикасноста на учењето. Покрај тоа, некои истражувачи веруваат дека шафранот има потенцијал да третира болести кои влијаат на мозокот, како што се Алцхајмеровата и Паркинсонова болест.

Превенција од рак
Шафранот е богат не само со антиоксиданти, туку и со флавоноиди. Антиоксидансите помагаат во одбраната на организмот од штетни материи. Флавоноидите се хемикалии кои се наоѓаат во растенијата кои помагаат да се заштитат од габички и болести.

Како да направите чај од шафран
Чајот од шафран може да се подготви без адитиви со едноставно натопување на зачинот во топла вода. Сепак, вкусот може да биде многу силен и горчлив, поради што многумина препорачуваат мешање на шафран со листови од чај, како и додавање други билки или зачини. На пример, чајот од шафран одговара совршено со кардамон и кокосово млеко.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави