Овој манастир лекува, но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца

- Advertisement -

Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.

За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква.

Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет години живее во манастирот, пренесе Канал 5.

- Advertisement -

Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки, а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, вели тој.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави