Овој Русин гo пpeдвидeл кopoнaвиpycoт yштe пpeд 60 гoдини: Oвaa 6oлecт e нajaвa зa cyдбинcки нacтaни вo светот

- Advertisement -

Во 2020 и 2021 година, Русија и светот ќе ги погоди необична болест, која ќе им претходи на судбински настани во целиот свет, напишал наводно Волф Григориевиќ Месинг, мислејќи, секако, на Kовид-19. Така барем тврдат неговите поддржувачи и следбеници.

Во потрага по објаснување и со желба што побрзо да се сопре болеста која со неверојатна сила го обзеде целиот свет, Русите го вратиле на сцената Волф Месинг, најмистериозниот човек на 20 век, чии предвидувачки и телепатски способности ги изучувале најистакнатите психолози од неговото време.

Феномените предвидување и телепатија, со кои владеел овој необичен и многу популарен човек во 1960-те години, ни ден денес не се објаснети, иако на руската наука не ѝ се непознати парапсихолошките феномени. Напротив, ги изучува на највисоко ниво, бидејќи се смета дека способностите на човечката душа сè уште не се доволно истражени.

- Advertisement -

Се верува дека Волф Месинг предвидел дека Хитлер ќе ја изгуби војната и Сталин ќе го освои Берлин. Тој своите способности ги демонстрирал и пред озлогласениот Бери, поминувајќи низ неговото обезбедување и покажувајте сметка од продавница наместо пропусница.

Иако негирал дека е пророк, жителите на Советскиот Сојуз верувале дека тој можел да чита мисли. И тоа постојано го докажувал пред бројна фасцинирана публика.

Науката не ги потврдила ниту демантирала неговите необични способности, но за довербата на народот придонеле филмовите и книгите за него кои привлекувале големо внимание. „Јас, Месинг“, книгата за која се верувало дека е автобиографија, била продадена во неверојатен број примероци. А не ја напишал познатиот пророк, туку новинар на „Комсомољска правда“, кој всушност се трудел да напише интересно четиво.

Сепак, Месинг бил запомнет како човек со необични способности, па многумина и денес внимателно ги следат неговите пророштва и веруваат дека периодот на „необичната“ болест ќе потрае неколку години, но и дека веќе во оваа година би требало да се појави „спасител“ кој ќе го убеди светот дека патот кон мирот е многу подобар од трката во вооружување и заканите за атомска војна.

Економската моќ на државите ќе биде поважна од војните, а за стабилизација на руската економија потребни се реформи и побрз развој на индустријата, нафтата и гасот ќе бидат во втор план, нема да дојде до голема војна. Посебно внимание треба им се посвети на медицината, образованието, културата…

Пророштво или вешта манипулација – не е важно. Во секој случај, убаво е да се слушне во овие времиња на страв и безнадежност./Infomax.mk

Последни објави

spot_img

Поврзани објави