Години наназад прочитавме неколку помалку непријатни, а некогаш и саркастични пораки во кои родителите сакаат да се ослободат од своите возрасни деца. Една мајка сака под итно да се реши од својата ќерка и да најде зет.
Во една кафеана во центарот на Сплит осамнала необична порака во која сплиќанката бара маж за својата ќерка.
Не трошела премногу зборови, нити се обидела да ја опише својата ќерка, само и било важно да се “отараси“.
Госпоѓата во кафеана оставила картица со порака, и дала до знаење дека и е многу итно, пишува Далмација Данас.“Барам зет да се решам од ќерката! Услови: Никакви, само да ја однесе. Итно!!! напишала госпоѓата.
Госпоѓата се потпишала како Сања, а на идниот зет му оставила адреса и телефон за контакт.