Предизвикот кој кружи низ социјалните мрежи, а со кој корисниците треба да откријат како дознале дека нивните сопружници им биле неверни зема се поголем замав.
Голем број на жени и мажи му се приклучија на предизвикот, но една од нив со нејзината приказна успеа да шокира милиони корисници ширум светот.
Станува збор за мајка на 4 деца која на “ТикТок” открила дека ја дознала вистината за неверниот сопруг од весник.
Впрочем, таа кога го отворила весникот видела објава за новороденче над чија слика стоеле имињата на неговите родители.
Името на таткото впрочем бил нејзиниот сопруг.
Во видеото кое собра повеќе од 220 илјади прегледи за неколку дена, таа раскажува како се разделила од својот сопруг пред 10 години.
-Во тоа време во весниците се објавуваше вест за новороденчиња – освен полот на бебето, датумот на раѓање и болницата ги пишувавме и имињата на родителите. Па така на една слика го видов името на мојот сопруг и име на непозната жена кои беа напишани како родители на машко дете, вели таа.
Откако го видела неговото име, таа решила да истражи малку повеќе и да ја провери архивата на болницата.
-Го побарав неговото досие и се шокирав. Она што веќе го знаев ми се потврди. Тој станал татко на син пред неколку дена. Но тоа не е се. Пред неколку години му се родила и ќерка, раскажува таа.
Имено, таа веднаш го напуштила својот сопруг и се преселила во хотел со нејзините три деца. После неколку дена, решила да си го врати времето наназад и да размислува објективно. Сфатила дека во изминатите години игнорирала милион знаци на предупредување – како што биле саати прекувремена работа, плати кои исчезнуваат и ручеци во ресторани.
Таа денес е среќно омажена со друг маж.