Од денеска забрането е движење на Водно – детали

- Advertisement -

ВОВЕДЕНА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОДНО И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата на РС Македонија од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

- Advertisement -

Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави