Од искуство на една жена: Дали жените треба да останат во лош брак заради децата?

- Advertisement -

Од искуство на една жена: Дали жените треба да останат во лош брак заради децата?Има многу кои заглавуваат во брак каде што не се среќни само поради децата или другите луѓе околу нив.

Една жена, која сакаше да остане анонимна, го сподели своето љубовно искуство на Интернет. Таа е самохрана мајка која конечно помислиla дека го нашла вистинскиот маж, но…

– Имам 36 години и имам лоша среќа кога се мажите во прашање. Мајка сум на две момчиња кои ги имам од различни врски со двајца мажи кои ме оставија сама да ги одгледувам децата.

- Advertisement -

Мислев дека конечно ќе имам среќа со сегашниот маж со кој сум во врска, кој рече дека се заљубил во мене во моментот кога ме видел. Чекав неколку месеци пред да го запознаам со моите синови, но кога конечно се сретнаа и на двајцата им се допадна многу. Инаку, тој има 39 години и зад себе има еден брак.

Знам дека останал во добри односи со поранешната сопруга, но тогаш пријател ми кажа дека двајцата се гледале две години поради секс.

– Секако, тој негира и се колне дека се само пријатели. Се обидов да му верувам. Моите синови го обожаваат и тоа ми беше многу важно бидејќи немаат контакт со нивните татковци.

Затоа решив да останам во врска со него.

– Сè кулминираше кога дознав за нова измама. Спиел со жена која ја запознал на конференција додека работел. Ова ме повреди толку многу што не знам што да правам. Го мразам и не можам повеќе да му верувам, но не можам повеќе да бидам самa и да ги повредувам моите момчиња.

Тој вели дека сака да ги исправи работите и знае дека изгледа глупаво што ме изневерил. Ако оваа ситуација му се случеше на некој до мене, би му рекla да го остави измамникот и никогаш повеќе да не го контактира. Јас сум пристојна и привлечна жена, која има своја куќа и бизнис, но всушност се чувствувам смрзнато и слабо – заклучила таа.

Многумина во коментарите ја советуваа да го остави сегашното момче и да продолжи сама, а други ѝ рекоа дека можеби проблемот е во неа.

-Велиш дека си незадоволна од мажите…Попрво би рекол дека ги избираш погрешните и слаткоречиви момци. Се прашувам каков бил татко ти – е коментарот на една жена.

Ти си несреќна, а кога си несреќна, несреќни се и твоите синови – напиша друго лице.

– Запомнете дека и самите сте доволно силни и долго време сте одговорни за вашите синови. Кажете му дека ја прокоцкал вашата доверба и дека мора да ве остави – е третиот коментар.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави