Од утре само со ковид пасош во ресторан во Грција непочитувањето носи високи казни

- Advertisement -

Во Грција од утре ќе биде потребен сертификат за вакцинација против Ковид-19 за влез во објекти од затворен карактер, како барови, кина, театри или трговски центри. Со посебна апликација вратарите ќе може да проверат дали некое лице е вакцинирано или не и дали сертификатот е валиден.

Непочитувањето на мерките носи високи парични казни. Невакцинирано лице кое ке влезе во затворен простор ќе плати 300 евра а за фалсификат сертификат, грчката влада ќе наплати 3000 евра.

Правила има и за здравствените работници и за вработените во домови за нега. Доколку не се вакцинираат до датумите определени од властите ќе се соочат со казни.

- Advertisement -

Грчката влада пак ќе ги награди луѓето под 26 години кои се вакцинирани. Ќе добијат по 150 евра.

И Летонија го напушта курсот на добоволност при вакцинирање против Ковид-19. Во оваа земја имунизацијата станува задолжителна за здравствените работници и за вработените во образованието. Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври.

Здравствените работници веќе немаат право на избор и во други европски земји, Италија, Франција и Русија. Во обид да го зголеми бројот на вакцинирани Французи, претседателот Макрон објави дека од 1 август вакциналниот пасош ќе биде предуслов за влез во ресторани, кина, театри и трговски центри, како и за патување со авион и воз низ Франција.

- Advertisement -

Германија засега преку парични награди ќе ги убедува граѓаните да се вакцинираат, мерка која во многу држави веќе се покажа како нестимулативна.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави