Од 21 шеќерот ми се симна на 6,1 и раната на ногата ми заздраве за само 7 дена – раскажува Светислав

- Advertisement -

Светислав Булајиќ, машински инженер во пензија, до пролетоска беше силен и “здрав како дрен”, но сè започнало да оди наопаку, откако носејќи голем фрижидер, нагазил на шајка која му го пробила стапалото.

Дури тогаш му било откриено дека има многу високо ниво на шеќер во крвта, па лекарите веднаш му препорачале инсулинска терапија. На ова тој не се согласил и се одлучил за фитотерапија, односно, сакал да се лекува на природен начин.

-Шајката на која нагазив беше многу голема, ми го проби стапалото и ми излезе од горната страна – раскажува Булајиќ и продолжува:

- Advertisement -

-Иако во итната помош веднаш ми ја санираа повредата и ми дадоа тетанус, веќе следниот ден ногата беше во многу лоша состојба. Раната почна да гнои, а болките стануваа неподносливи.

Отидов во болница каде ме задржаа на лекување цел месец. При направените испитувања ми беше откриено дека шеќерот во крвта ми достигнал 21 единица. Не се сложив на инсулинска терапија, бидејќи до тој момент немав никакви проблеми, ниту некогаш контролните крвни анализи покажале дека имам шеќерна болест.

Беше како беше, штом излегов од болница почнав да консумирам цимет, бидејќи од еден пријател знаев дека овој зачин има чудесни моќи”.

Овој упорен господин се снабдил со обемна литература за влијанието на циметот врз нивото на шеќерот во крвта и дознал дека научниците утврдиле дека циметот со своите активни состојки како што се циметалдехид и други полифеноли, директно влијае врз намалувањето на гликемијата.

Циметот го јакне имунитетот и содржи антиоксиданти и феноли кои штитат од инфекции, што на Булајиќ му било многу важно поради големата рана на ногата.

-Најдобар е цејлонскиот цимет кој кај нас многу тешко се наоѓа, но вреди навистина човек да се помачи и да се снабди со него – напоменува тој и додава

-Штом излегов од болница целосно го променив начинот на исхрана и сите јадења и пијалаци ги зачинував со цејлонски цимет. По прстофат од овој прав ставав дури и во водата за пиење.

На почетокот ми беше непријатен вкусот на јадењата, ама многу брзо се навикнав. Она што е најважно е дека за само една седмица со помош на циметот, шеќерот во крвта го намалив од 21 на 6,1, што е во рамките на нормалата. Покрај тоа, раната на ногата многу брзо ми заздраве, што исто така го препишувам на делувањето од циметот.

-Редовно го контролирам нивото на шеќерот во крвта и ниеднаш не е помината границата, па затоа сметам дека сега сум целосно здрав човек – вели Светислав и додава дека и натаму јадењата ги зачинува со цимет, но не во толкава мера како претходно.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави