Освоила огромна сума на лотарија, а добитното ливче го уништила при перење, познато е каде ќе одат парите

- Advertisement -

Жена од Калифорнија освоила џекпот од 26 милиони долари, но добитното ливче го уништила при перење на панталоните во кои се наоѓало токму тоа ливче. Жената, чиј идентитет не е познат, наводно била снимена од надзорните камери додека го купувала ливчето. Но, рокот за барање на големата добивка истекол во четвртокот.

Организаторите на лотаријата велат дека добивката мора да се пријави во рок од 180 дена од извлекувањето, кое е одржано на 14-ти ноември. Портпаролката на Калифорниската лотарија, Кејти Џонстон рекла дека снимката од надзорните камери не е доволна и дека е потребен уверлив и значаен доказ дека жената го имала ливчето. Ова не е прв пат луѓе да тврдат дека купиле добитно ливче, но подоцна не можеле да го покажат.

Ако не се потврди добитникот на џекпотот, парите ќе се поделат на калифорниските јавни училишта, соопштиле организаторите.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави