Принцот Хари признал дека останал без финансиска поддршка од страна на семејството на почетокот од минатата година, па морал да вплови во нови, деловни води и со сопругата потпишал договор со стриминг-сервисите Спотифај и Нетфликс.
„Тоа се случи во моментот кога семејството ме остави без ништо. Морав да обзебедам нешто за нас. Ги имав само парите кои ми ги остави мајка ми и без нив немаше ништо да можеме да направиме“, рекол Хари.
Сега е познато и за колкава сума се работи кога е во прашање наследството кое на Хари му останало од принцезата Дајана.
Откриено колку пари принцот Хари наследил од принцезата Дајана
ХАРИ И МЕГАН НЕМА ДА ЈА КРСТАТ ЌЕРКАТА ПО…
Форбс во 2014 година објави податок дека Хари добил дури 10 милиони фунти од мајчиниот имот.
Вилијам и Хари се главни наследници, но Дајана дел од богатството оставила и на Пол Барел, како и на своите кумашинчиња. После разводот од Чарлс добила накит и акции, а по нејзината смрт сето им припаднало на нејзините синови Хари и Вилијам.