Постојат неколку теории за кои се верува дека доколку доследно ги почитувате, ќе ви донесат финансиски приход.
Прво, редовно вадете пари од паричникот, но и не заборавајте да го дополнувате. Паричникот треба да е лично ваш, и треба да го отварате колку што можете почесто. Можете да го чувате во спалната соба или во фиока на бирото.
Исто така, паричник треба секогаш сами да си купувате, бидејќи не знаете каква судбина и енергија во однос на финансиската состојба има лицето што ви го купило. Доколку сепак добиете паричник на подарок, подобро би било да не ви го дадат празен, затоа што се верува дека таков и ќе остане.
Парите во паричникот треба секогаш да ви бидат убаво наредени, хаотичен паричникот привлекува и финансиска нeстабилност, но и хаос во домот.
Во паричникот никогаш не треба да чувате сметки, дури ниту платени, бидејќи така привлекувате други сметки. Пожелно е визит картичките да ги носите оддвоено од парите.