ОТСТРАНИЛА 5 СЛОЕВИ ТАПЕТИ ОД ЅИДОТ Комичарката открила морничава порака! (ФОТО)

- Advertisement -

Британската комичарка позната под името Лубобанг на почетокот на 2021 година се вселила во својот нов дом.

Веднаш започнала да реновира, а набрзо дошла до морничаво откритие.

Таа видеото го споделила на својот профил на ТикТок. Лубобанг ги отстранувала старите слоеви тапети од ѕидовите кога открила мошне морничава порака.

– Денес за првпат се почувствував малку нервозно, поради тоа што ги отстранив овие тапети. Извадив пет слоеви пред да стасам до ѕидот. Додека стружев, открив дека некој пишувал на ѕидот и се запрашав што би можело да биде. Набрзо открив, натписот гласеше „10 септември – судниот ден“ – рекла Лубобанг.

- Advertisement -

Но, иако поголемиот број луѓе тоа веројатно би го занемариле, скриената порака многу ја вознемирила новата сопственичка.

– Причината поради која пораката ме исплаши е што тогаш ми е роденден – објаснила Лубобанг.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 87.000 пати откако било споделено.

- Advertisement -

„Кога моите родители ја реновираа спалната соба во 2010 година (позадината беше од осумдесеттите години), на ѕидот имаше порака „„Здраво, Полин“, а тоа беше името на мајка ми“, „Тоа се случи уште во една викторијанска куќа, а покрај пораката беше цртеж на жена со ѓаволски рогови“, се само дел од коментарите.

 

- Advertisement -

 

https://www.tiktok.com/tag/originalcomedian

 

 

 

 

 

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави