Љупчо Палевски е поранешен бизнисмен, кој е познат по објектот „Тифани“, кој се наоѓа во срцето на градот Скопје, во центар после црквата, кај што завршува улица Партизанска.
Палевски исто така е поранешен висок функционер на СДСМ. Тој во времето на Бранко Црвенковски беше Претседател на градската организација на оваа партија.
Последниве години, популарниот Палчо формираше своја партија, „Трета“, а од неодамна се потпишува како лидер на партијата „Десница“.
Љупчо Палевски вчера проговори за Орце Камчев, а ние ќе се задржиме на делот каде објаснува каков човек е приватно Камчев:
„…Орце го познавам лично уште од дете, помал е од мене 2-3 години, немирно дете во адолесцентските години, учеше во Никола Карев, со Ѕуна од мое маало и Куно, познатиот шмеќер како дете, подоцна тежок на рк -оман….
Орце од мали нозе е бизнисмен и во неколку наврати играл ризично, хазардерски доаѓајќи во судир со законот, но она што мора јавно да се признае. Тој е еден од ретките Македонски ресурси за дуплирање на капитал, за брза и сосема не очекувана бизнис реакција.
Не е ВЛАВ, не припаѓа на генерацијата на бизнисмени кои во време на Хари, Штерјо, БЦ и старата Олиархија направил пари, без разлика што татко му Илија дејствуваше во тоа време, на душа секогаш му ја препишуваат Македонија спорт….
Но, ноооо ОРЦЕ, без разлика кој го сака, а кој го мрзи покажа како може во Македонија да направиш машина за пари во здравствениот СИСТЕМ.
Тоа е СИСТИНА Аџибадем…болница од која со екстремно скапи цени добијаш дупло квалитет и излагаш насмеан, нема присила, нема зафрканции…..
Профи…екстра, за разлика од Конкуренцијата како ШТИПСКОНО ……РЧЕ, на Филипче и на Зајко пријателот Жан Митрев…
ОРЦЕ ги научи како се прават пари и Клошарон Мијале, Грујо…една цела генерација на Бизнисмени кои се појавија после 2000 година, после катас трифалната приватизација на БЦ и ВЛАСИТЕ, а замисли она што СИСТЕМОТ го боли.
ОРЦЕ не е ВЛАВ, ајде мајкатаааа…..Пола е од Марена Кавадаречко, а пола е Куновски од Дебар…. Битно е дека никогаш не вршел државни функции за да се напрви разлика помеѓу ло пови во политиката и бизнисмен околу политиката…“, напиша меѓудругото Љупчо Палевски Палчо.