Паметен човек овие 2 работи мора да ги задржи за себе: Фројд тврдел дека така е најдобро да се заштитите од завидливите луѓе.

- Advertisement -

Паметен човек овие 2 работи мора да ги задржи за себе: Фројд тврдел дека така е најдобро да се заштитите од завидливите луѓе.Сигмунд Фројд зад себе оставил многубројни мудри мисли кои можат да ни помогнат да се заштитиме од оние кои не ни мислат добро.

Сигмунд Фројд, основач на психоанализата, е еден од највлијателните мислители во полињата на психологијата.

Благодарение на револуционерниот пристап на проучување на човековиот ум тој дошол до неверојатни откритија кои трајно влијаеле на бројни општествени науки.

- Advertisement -

Неговите методи за лекување биле насочени кон откривање на несвесните мотиви кои влијаат на однесувањето на поединецот.

Фројдовите идеи не се само обиколување на подрачјето на психологијата туку исто така оставиле и голема трага во книжевноста, филозофијата и другите гранки на човековите мисли.

Следните две негови мисли се исклучително важни за животот на поединецот, па би било добро секој од нас многу внимателно да ги прочита и добро да размисли за нив.

- Advertisement -

1. „Доколку сакате да си ги упропастите сопствените планови – кажете ги на целиот свет“.

Фројд верувал дека проблем не е влијанието на другите луѓе, туку во нас самите. „Штом зборувате за своите планови, добивате одобрување со нивните достигнувања. Мозокот губи мотивација, страст и интересирање“.

- Advertisement -

Зборувањето за плановите ја исцрпува мотивацијата и интересот за реализација на планот се губи, па затоа би било мудро поголем дел од плановите да ги задржите за себе.

2. „Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со нивните сопствени, а доколку вашите успеси се подобри, луѓето ќе се чувствуваат полошо. Доколку сакате околу себе да создадете непријатели и завидливи луѓе, само почнете да зборувате за своите победи“.

Секако дека треба да бидете горди на себе и своите достигнувања не треба да ги криете. Но, треба да внимавате кога зборувате за своите успеси за тоа да не премине во фалење, но и да предизвика завист и љубомора кај другите луѓе. Внимателно проценете кому се обраќате за да не останете без пријатели.

Сличното правило важи и за животните неуспеси и неволји. Доколку постојано зборувате за себе и својот живот во негативна конотација набрзо ќе бидете опкружени со енергетски „вампири“ кои се хранат со туѓата несреќа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави