Пензионер ПОТРОШИЛ 10.000 ДОЛАРИ ОД РЕВОЛТ, а можел да не даде ни цент

- Advertisement -

Пензионерите не се снаоѓаат најдобро со технологијата како младите, па проблемите кои младите ги решаваат преку социјалните мрежи, тие се уште ги решаваат на стариот начин.

Пензионер (90) од Лос Анџелес имал проблем, за кој можел да не потроши ниту еден долар, но тој потрошил дури потрошил 10.000 долари на реклами во весници преку кои ставил до знаење на компанијата дека интернетоот му е бавен.
Арон Епштајн одлучил да плати за две реклами во „Волстрит журнал“, иако неговите пријатели и семејството го убедувале да ги користи социјалните мрежи за да го изрази своето незадоволство.Но, упорниот пензионер, кој е корисник на услугите на АТ & Т од 1960 година, и нема Твитер или Фејсбук и се одлучил на старомоден начин да го привлече вниманието на телекомуникациската компанија.

Рекламите се појавиле во изданијата за Далас, каде е седиштето на компанијата, како и во изданието за Њујорк.
AT&T се претставува како лидер во електронските комуникации. За жал, за луѓето кои живеат во еден дел од Холивуд, се големо разочарување – пишува, меѓу другото, во огласот, кој понатаму детално навел колку е бавен Интернетот.

- Advertisement -

Овој оглас наскоро станал главна приказна во градот, а потоа тој добил повик.
Истиот ден кога се појави огласот, добив повик од директорот кој вети дека ќе стори сé за да го забрза интернетот. Иако многумина не разбираат зошто дадов пари за оглас, не ми е жал. Можев да го потрошам на патувања или некаков луксуз, но задоволен сум од тоа како се се покажа, ја постигнав целта – рече тој.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави