Најновите истражувања покажуваат дека штетните ефекти на јајцата врз телото не се толку големи како што се мислеше претходно…
Иако многумина мислат дека јајцата го зголемуваат холестеролот, новото истражување покажа дека тие не се штетни за организмот, како што се мислеше. Еве неколку причини зошто треба да ги јадете што е можно почесто.
Тие се здрави за бремени жени
Ако јадете јајца повремено додека сте бремени, ќе имате убави деца. Јајцата се полни со холин, витамин Б кој им е потребен на бебињата во развојот, а особено во развојот на мозокот. Холинот кај бебињата го намалува ризикот од ментални нарушувања, како и ризикот од Даунов синдром.
Го задоволуваат гладот
Јајцата за појадок помагаат да чувствувате помалку глад во текот на денот. Високото ниво на протеини во нив помага да се создаде чувство на ситост, кое може да трае цел ден. Ако се обидувате да изгубите неколку килограми и не можете да ја прескокнете вечерата, јадете јајце во текот на денот. Нема да бидете толку гладни навечер.
Ги зајакнуваат рефлексите
Тирозин, амино киселина во јајцата, помага да се забрза рефлексниот одговор. За време на нивното истражување, научниците открија дека тирозинот може да игра значајна улога во ситуации како што се возење автомобил, дури и велосипед и секое друго превозно средство, во кое непосредното донесување одлуки и реакција може да значат разлика помеѓу животот и смртта.
Тие го намалуваат ризикот од свирепи болести
Антиоксидансите во јајцата можат да помогнат да се намали ризикот од тумори, но и од срцеви заболувања.
Го намалуваат крвниот притисок
Протеинот од јајце може да помогне во намалување на крвниот притисок, дејствувајќи на ист начин како и ACE инхибиторите, еден вид лекови за висок крвен притисок. Добрата вест е, исто така, дека не треба да ја ограничувате употребата на јајца на појадок.
Сварете неколку тврдо варени јајца однапред, и имајте ги при рака кога сакате да грицкате нешто солено, или наместо закуска. Единствено за што треба да се грижите е да го ограничите вкупниот внес на храна од животинско потекло во текот на денот. Студијата покажала дека животинските протеини ја зголемуваат смртноста кај возрасни помлади од 65. години.