ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦРКВАТА БОЖЈО ЧУДО: Од покривот растат 17 огромни дрвја

- Advertisement -

СВ. ТЕОДОРА АРКАДИСКА – БОЖЈО ЧУДО

(Оваа црквичка се наоѓа во Гинисовата книга на светски рекорди како некое светско чудо.
Некој геолог уште во 1987 година рекол : Не постои геолошко објаснување. Тоа е едно Божјо чудо.)
Св.Теодора Аркадиска од местото Васта, е светителка која се овенчала со маченички венец. Кога била мачена таа се помолила вака:

,,Христе мој, прости им на моите непријатели и направи телото мое да биде Црква, косата моја да бидат дрвја, а очите мои извори” .

- Advertisement -

Бог ги услишал нејзините молитви и на местото каде што св.Теодора го завршила својот земен живот била изградена Црква, која се наоѓа во јужниот дел на Грција близу селото Васта.Црквичката датира од 12 век.На нејзиниот покрив растат 17 огромни дрвја, кои ја претставуваат нејзината коса.
Повеќето од нив високи и преку 30 м , а пречник на некои од нив изнесувал повеќе од 1м.

И покрај тоа што покривот на оваа мала црквичка е тенок без некоја потпора, сепак со векови стои како некое чудо да го држи. А од под Црквата извираат неколку извори со чиста вода, онака како што самата таа побарала од Господ.

Многу истаржувачи, научници и стручни лица останувале неми и без можност за објаснување за оваа појава, бидејќи корените не ги разориле ѕидовите на црквичката, што досега требало да се случи одамна. Немало ниту една пукнатина на ѕидовите и ниту едно најмало коренче не излегувало од ѕидовите.

Оваа црквичка се наоѓа во Гинисовата книга на светски рекорди како некое светско чудо.
Некој геолог уште во 1987 година рекол : Не постои геолошко објаснување. Тоа е едно Божјо чудо.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави