Топлото време покрај пријатното време на отворено, долгите вечери на терасата или дворот ни носат и еден непријатен момент кој веќе знаеме дека ќе ни задава проблеми цело лето. Уште непристигнато штетниците веќе вознемируваат. Ослободете се навреме од здодевните комарци, убодите и отоците од убоди на најнесаканите места.
Потребно е:
Тегла, свеќи кои можат да лебдат, лимон, лимета, босилек, есенцијално масло од лимонска трева.
Подготовка:
Исечете еден лимон и една лимета (ова ќе биде доволно за две свеќи). Потоа додадете неколку парчиња лимон и лимета во теглата, додадете неколку гранчиња босилек. На крај, наполнете ја теглата со вода до врвот. Потоа додадете 10-15 капки масло од лимонова трева.
Промешајте па на крајот ставете пловечка свеќа. Конечно, запалете ја свеќата и уживајте во топлите вечерни попладниња на отворено без штетници!