Под трошниот покрив на Диме и Тони живее нивниот голем сон-Да станат познати фудбалери

- Advertisement -

Наташа Новакоска од Гостивар е храбра самохрана мајка, жена со големо срце и мака која тешко може сама да ја носи. По трагичната загуба на сопругот пред три години, таа останала единствен столб за своите две малолетни деца – Димитар и Антонио. Таа е и мајка и татко – борец за нивната иднина.

Таа по смртта на сопругот се вратила во семејната куќа од родителите, каде освен нејзините деца живее и нејзиниот брат, лице со душевна попреченост, за кого таа пожртвувано се грижи. Живеат од минималната семејна пензија од покојниот сопруг. Средства кои не стигаат ниту за основните потреби, а уште помалку за соништата на децата.

-Се запознавме со сопругот и почетокот ни беше убаво. Добивме две деца, ги растевме, гледавме, но пред три години тој од инфаркт почина и не остави сами. Јас се вратив во куќата на родителите, зашто таму во еден стан живеевме 10 души, а плу и имам душевно болен брат, па за да го гледам и него-започнува да раскажува Наташа.

- Advertisement -

Наташа секоја борба ја води сама. Но, најстрашната – ја води тивко, со солзи кога никој не гледа. Па, таа токму кога мислела дека животот нема што повеќе да ѝ земе, судбината повторно ја удрила. Овојпат по нејзиното здравје . Па еден ден таа добила страшна дијагноза – рак со метастази на црниот дроб и коските. Од лани таа секое утро се буди со болка – не само физичка, туку и онаа во срцето. Оттогаш таа плаче тивко, кога децата не ја гледаат зашто не сака да ги оптовари. Нивната среќа е нејзината најголема желба.

-Некако се помирив дека ќе бидам и мајка и татко и дека мора да продолжам храбр, кога лани есента ми се појави некоја грутка на гратката и на лекар ми го кажаа најлошото. Ми рече докторката, Наташа ти имаш рак и мора да ти ја отстранат градата. Ако верувате веќе не знам што да правам. Се плашам да не умрам и да ги оставам децата сами- вели таа.

Се будам со болка. Плачам кога не ме гледаат. Не сакам децата да ме видат скршена. „Немам право да паднам“, вели Наташа. „Тие ме бараат..Им требам. Деца се сакаат фудбал,тренинг, храна.. а јас понекогаш немам ни за леб.“-со солзи вели оваа тажна мајка.

- Advertisement -

Покрај основните животни потреби, за себе, братот и децата, Наташа не смее ниту да помисли на реновирање на веќе стариот семеен дом од родителите. Уште веднаш кога ќе ве внесе во домот таа ќе ви каже дека нема функционално купатило и дека сите прозорци се импровизирано затворени за да не премрзнат во зима. Иако, во моментов таа е оптеретена со тешката болест и желбата да оздраве, сепак повеќе од се` сака -барем еднаш да живее во комотен простор и нормално средени соби. Затоа, на ова семејство итно му е потребна помош за реновирање и средување на куќата.

Тие се само деца. Со искри во очите зборуваат за фудбал, за соништата да станат фудбалери, да тренираат во клубот Пролетер и некогаш да ги бранат боите на Македонија.

- Advertisement -

„Сакаме оргинален фудбал, сакаме да тренираме секој ден во клубот Пролетер и да се натпреваруваме за Македонија“, велат браќата. Но, мама нема средства дури ни за храна за во училиште, а камо ли за спортска опрема, фудбал и членарина во клубот кој го сакаме. Понекогаш, од срам и немоќ не одиме ниту на училиште-срамежливо додаваат тие.

На ова семејство му фалат многу работи, но најмногу средства за реновирање на скромниот дом во кој живее. Зашто децата сонуваат за детство какво што имаат и другите деца. Сонуваат за топли соби, функционална кујна и тоалет, кревети за спиење, здрави прозорци, бојлер за да може да се избањаат дома, а не по роднини. Тие сонуваат за дом без влага и подмирување на одамна направениот долг кон ЕВН. За среќата на овие дечиња, на Наташа секој денар ќе и значи. Секоја донација ќе биде чекор поблиску до нивните соништа. Затоа што понекогаш, детската љубов знае да лечи. А нашата добрина – да спасува. Да бидеме ние хероите што им требаат сега!

За да помогнете за реновирање на домот на Наташа и нејзините деца треба да донирате на нејзината сметка 200003839365916 на Стопанска банка. А, за да оставрите контакт со неа побарајте ја на нивниот број 078589540
/Izvor Srce Na Dlanka

Линк до видеото:

Последни објави

spot_img

Поврзани објави