Познатата турска актерка го изневерила сопругот со нејзиниот свекор: Само неколку дена по венчавката

- Advertisement -

Покојниот Кемал беше голем заводник. Двајцата влегоа во врска само неколку дена откако тој стана нејзин свекор – откри извор близок на турската актерка

Турската актерка Гокче Бахадир (39) неодамна се пожали на турската јавност дека нема среќа во љубовта, а после тоа „протекоа“ детали за нејзиниот поранешен сопруг, актерот Али Сунал (43) и нивната врска.

Имено, парот се венчаше во 2011 година, а бракот траеше само една година, а сега е откриено и зошто се развеле.

- Advertisement -

– Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме затоа што нашите патишта се разидуваа – изјави тогаш актерката.

Таа не откри детали за брачните проблеми, но извори блиски до Гокча тврдат дека нивниот брак не успеал бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна врска со неговиот татко Кемал Сунал.

– Покојниот Кемал беше голем заводник. Двајцата влегоа во врска само неколку дена откако тој стана нејзин свекор. Подолго време постоеше фатална привлечност меѓу нив, а не ја спречи фактот што тој е постар од неа 30 години – открил извор близок на актерката во тоа време.

- Advertisement -

Се шушкаше дека биле фатени од Али, кој бил на пат и се вратил два дена порано. Прво го видел автомобилот на татко му во неговиот двор, а потоа ги нашол голи во дневната соба, што довело до невиден скандал.

На крајот, актерот повторно најде среќа и од 2018 година, тој е во среќен брак со Назли Курбанзаде, и ја имаат ќерката Нарин Сунал.

- Advertisement -

Фото: Инстаграм/ gokce.bhdr

Последни објави

spot_img

Поврзани објави