ПОЛНАТ 18 И ДОБИВААТ 78.000 ЕВРА: Младите во оваа земја едвај чекаат да станат возрасни

- Advertisement -

Земја која може да биде рај за младите и за нивната финансиска независност и создавање на сопствен дом веднаш откако ќе станат возрасни, Велика Британија е земја што на секое лице родено од 1 септември 2002 година до 1 јануари 2011 година му обезбедува неоданочен приход, дел од Фондот за деца.

После 15 години конечно е време да се „скрши“ касата вредна 12 милијарди долари. Британските тинејџери, кои наполниле 18 години, ќе започнат да добиваат исплати од програмата за експериментални заштеди, усвоена во времето кога Тони Блер беше премиер и „Хари Потер и пламениот пехар“ – филм број 1 во светот.

Детскиот доверителен фонд вклучува сметки отворени од државата со првични грантови, кои се движат од 250 фунти за деца во добростоечки семејства до 500 фунти за оние во домаќинства со ниски примања.Стефоска ќе иницира одземање на ингеренциите на Охрид и…Од понеделник 10 денови „локдаун“ во Бугарија.Ова значи дека Британија на секое лице родено од 1 септември 2002 година до 1 јануари 2011 година му обезбедува неоданочен неочекуван приход, со кој тоа лице влегува во светот на возрасните на голема врата.

- Advertisement -

Според проценките на сметководствената фирма „Moore Kingston Smith“ 18-годишниците ќе имаат пристап до салдо на сметката од околу 1.000 до 70.000 фунти (околу 78.000 евра), во зависност од тоа како со нив се управувало.Со околу 55.000 луѓе кои месечно ги откупуваат доверителните фондовите за деца до 2029 година, програмата е подготвена да влијае на финансискиот живот на младите Британци.

Официјални лица во други земји разгледуваат слични иницијативи, бидејќи економските превирања предизвикани од коронавирусот поттикнуваат нов поглед на универзалниот основен приход и другите форми на директни плаќања во готовина како форма на социјална заштита.

Минатата недела гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, предложи на децата родени во таа држава да им се даде т.н. „гнездо“ со 1.000 долари, кои што ќе ги даде владата. Таму, средствата од сметката најмногу се издвојуваат за колеџот, додека сопствениците на Детскиот фонд во Велика Британија можат да ги потрошат парите како што сакаат.

Лансирана во 2005 година, програмата за Детски фондови се разви преку идејата за обезбедување на младите материјален удел во општеството и решавање на нееднаквоста. Многу конзервативци тврдеа дека станува збор за „фрлени пари“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави