Освен што со исклучување на уредите ќе заштедите струја, ќе се заштитите и од удар на гром, па поради тоа доколку подолг период не сте во домот, одите на одмор или едноставно сакате да заштедите некој денар, тогаш кога не ги користите целосно исклучете ги од струја.
Дали сте знаеле дека вашите кујнски апарати водат „таен живот“ додека се исклучени? Оваа листа на уреди кои трошат струја и кога се во мирување.
Дигитален ТВ приемник – Иако не е вклучен телевизорот дигиталниот ТВ приемник сепак троши струја и тоа 22 вати на ден, затоа исклучете го и него од струја кога не го користите.
Полнач од мобилен телефон – Многумина ги оставаат полначите вклучени во струја иако не ги користат, зошто така им се чини по практично, па тој стои уклучен во струјата постојано, 24 часа на ден. Се проценува дека полначите кои се вклучени во струја трошат по 1,2 вати на ден. Тоа можеби не ви изгледа многу но замислете колку струја се троши кога секој од членовите од семејството го прави истото во текот на целата година.
Телевизор – Ако го исклучувате телевизорот само на далечинскиот управувач, тој не е сосема исклучен туку е само ставен во мирување и сеуште троши струја и тоа по 24 вати на ден.
Компијутери и Лаптопи – И кога се исклучени тие сеуште работат, па ако не сакате да ви крадат по 96 вати на ден, тогаш подобро е да ги исклучувате од струја, или да ги ставите на стен бај.
Уреди кои имаат часовник – Ако имате некој таков уред, микро, систем, ДВД плеер или било што , што покажува време тогаш мора да заете дека тие трошат по додатни 108 вати на ден. Наједноставно решение е да ги исклучите од струја.