Во Македонија вчера имаше 51 почитнат пациент во рок од 24 часа од корона вирус, пред два дена започна полициски час од 20 часот, но сето тоа не мора да значи дека ќе биде доволно за намалување на бројките. Така смета и познатиот доктор Мехмедовиќ.




Доктор Злате Мехмедовиќ, кој е дел од лекарскиот тим во ковид центарот во емисијата 24 Анализа рече дека јавното здравство е преоптoварено и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.




-Јавното здравство е преполно и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници. Поради тоа, голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет, вели доктор Злате Мехмедовиќ, кој работи во ковид-центар.




Според него овие мерки се неуспешни и ако сакаме да имаме ефикасни резултати, потребен е локдаун кој ќе се спроведе во период од 5 до 7 недели.




-Тој треба да даде ефикасен систем, во кој што ќе се намалат бројките на новозаразени, а потоа може да се размислува за релаксирање, рече Мехмедовиќ.