- Advertisement -
„Како можам да дадам кога немам ништо“? Оваа кратка приказна би требало да ни покаже што воопшто значи да се биде сиромашен. Еден сиромашен човек го прашал Буда: – Зошто сум толку сиромашен? Буда одговорил: – Сè уште не си научил да даваш. – Како можам да давам кога немам ништо?
Буда му одговорил: „Имаш неколку работи.“ Почнал да ги набројува:
– Лице со кое можеш да дадеш насмевка, – Уста со која можеш да им дадеш мудрост и утеха на другите, – Срце кое можеш да го отвориш за другите, – Очи со кои можеш да го набљудуваш доброто во другите.
Тело кое можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите.
Ние всушност воопшто не сме сиромашни, вистинско сиромаштво е сиромаштвото на духот.