ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Колку ги продаваш јајцата?

- Advertisement -

Една жена го праша старецот: “Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач и одговорил: “6 денари јајце, госпоѓо.
Таа му рече: “Ќе земам 6 јајца за 30 денари или ќе заминам”.

Стариот продавач одговорил: “Дојдете да ги земете по цената што ја сакате. Можеби ова е добар почеток, бидејќи денес сеуште не сум продал ниту едно јајце.

Таа ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и отиде во еден убав ресторан со нејзиниот сопруг. Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа што им душа посака. Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел оставија. Потоа отидоа да ја платат сметката. Нивната сметка беше 1400 денари. Таа остави 1500 денари и му порача на сопственикот на ресторанот да го задржи кусурот.

- Advertisement -

Овој настан можеби изгледа сосема нормален за сопственикот, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.

Поентата е,
Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

Јас еднаш прочитав некаде:
“Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент. Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш тој ми одговори: “Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете”

- Advertisement -

Знам дека повеќето од вас нема да ја споделат оваа порака, но ако сметате дека луѓето треба да го видат ова, тогаш ширете ја оваа поучна приказна.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави