Појадок кој спречува појава на крвни згрутчувања, замастен црн дроб

- Advertisement -

Доктор Марио е познат по своите корисни совети во врска со здравјето и квалитетниот начин на живеење, а многумина го споредуваат со прочуениот Доктор Оз.

На својот јутјуб канал секојдневно објавува интересни податоци од областа на медицината, како од конвенционалната, така и од алтернативната. Овојпат тој приготви многу вкусен рецепт од квалитетни состојки, а кои секој може да си ги дозволи.Имено, овој едноставен, а многу здрав појадок доколку редовно се консумира, може значително да го подобри здравјето на срцето и крвните садови, здравјето на црниот дроб, но и да помогне во намалување на випокот килограми.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 мала чаша овесни снегулки, 1 голема супена лажица златно ленено семе (може и обично), 1/4 мала лажичка цејлонски цимет во прав, 5-6 урми и мед по желба

- Advertisement -

ПОСТАПКА: Измешајте 1 мала чаша овесни снегулки, 1 голема супена лажица златно ленено семе (може и обично), 1/4 мала лажичка цејлонски цимет во прав, прелијте ги со 300-400 мл топла или врела вода, промешајте и оставете да преноќи поклопено.

Утредента во едно тенџере сипете 300 мл вода и ставете да се загрева на умерена температура 2-3 минути, додека да зоврие. Потоа додајте ја набубрената мешавина од овесни снегулки и намалете ја температурата.

Мешајте 3-4 минути, па додајте ги сувите урми и продолжете со мешање уште една минута. Потоа смесата сипете ја во блендер и миксајте 20-30 секунди.

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави