Започнувајте го секое утро на овој начин и организмот ќе ви биде благодарен.Добро познато е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа мора да биде добро балансиран. Намирниците што ги внесуваме во организмот играат важна улога и одредуваат како ќе се чувствуваме во текот на денот.
Нутриционистката Мери Клејн советува секое утро да го започнувате на овој начин за организмот да ви биде благодарен.
Состојки:
- 1 канче грчки јогурт
- 1 јаболко (исечкано на коцки)
- 1 лажица мед
- 40-50 г сечкани бадеми
- половина лажица цимет
- 30 капки прополис
- 3 лажици овесна каша и суво или свежо овошје по избор
Приготвување:Варете го јаболкото во вода додека омекне, а потоа направете каша, така што ќе го изматите во блендер.Додека го варите јаболкото, сварете вода и во неа додајте ги овесните снегулки. Варете ги и постојано мешајте додека добиете хомогена смеса (ќе ви треба околу една минута).Потоа, измешајте ги јаболката и овесните снегулки и додајте јогурт, бадеми, цимет, прополис и мед. На крај, додајте ситно сечкано суво или свежо овошје и појадокот е готов.Еве зошто овој појадок е толку добар:
Јаболкото го апсорбира холестеролот од храната и ја подобрува работата на дебелото црево. Изобилува со цинк кој го зајакнува имунитетот. Исто така, добра извор е на витамин Ц, благодарение на овошјето. Медот докажано дејствува поволно на имунитетот, а јогуртот содржи корисни бактерии кои влијаат поволно врз здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и врз зајакнувањето на имунитетот.