По хемотерапијата, таа имаше минимални шанси да забремени: Не изгуби надеж, а потоа се случи чудо

- Advertisement -

Меган Енис од Даблин имала само 24 години кога открила дека има Нон-Хочкин лимфом, малигна болест на лимфниот систем. Едно утро, во април 2017 година, таа се разбудила со болки во градите.

Иако не мислеше дека станува збор за нешто сериозно, отиде на лекар и веднаш беше испратена на испитување во болницата Матер во Даблин.

– Се разбудив едно утро во април 2017 година со лесна болка на левата страна од градите. Чувствував болка само кога длабоко земав здив – се присети Меган.

- Advertisement -

Девојчето мислеше дека има лесна инфекција на градите или нешто слично. Сепак, по анализите на крвта и рендгенските зраци, лекарите ги забележале оштетените бели дробови и ја испратиле на дополнителни тестови, биопсија и скенер.

– Две недели подоцна, ми беше дијагностициран лимфом, кој подоцна беше дијагностициран како дифузен лимфом на Б-клетки Нон-Хочкин – објасни девојчето.

Меган се обидела да остане позитивна за време на третманот – дури и кога нејзиниот изглед започнал да се менува драстично.

– Почнав со хемотерапија, а по само две недели косата ми падна, па мајка ми ми ја избричи главата. Јас воопшто не носев перика, бев ќелава подолг временски период – изјави 27-годишната.

Девојчето се борела со сите сили и одлучи дека нема да дозволи ракот да и ја одземе радоста на животот. Не тврдам дека немав тешки и лоши денови, но позитивниот и отворен став многу ми помогна за време на третманот – истакна Енис.

Медицинските сестри, лекарите и вработените во болницата Матер се неверојатни. За време на третманот запознав многу луѓе, што ми помогна да останам позитивна – искрено рекла Меган.

Сепак, најтешко за неа беше фактот што не можеше да ги замрзне јајце клетките пред хемотерапија, што во тој момент значеше за Меган дека веројатно никогаш нема да може да има свои деца.

– Кога ми рекоа дека имам рак, никогаш не ми падна на памет дека хемотерапијата може да влијае на плодноста – рече младата девојка.

Лекарите и рекле дека замрзнувањето на јајце клетките не е опција, бидејќи ракот бил крајно агресивен.
Тоа беше најтешкото за мене. Не ми пречеше да ја изгубам косата или да добијам тежина од лекови … Не ми пречеа другите несакани ефекти од хемотерапијата, но фактот дека не можев да станам мајка целосно ме скрши – вели Меган.

За среќа, во ноември 2017 година, на Меган и беше кажано дека е во ремисија и неколку месеци подоцна беше испратена на дополнителни тестови.

По неколку недели, ја добив не толку добрата вест дека нивото на плодност на моето тело е приближно исто како и на една 45-годишна жена. Тоа не е баш нешто што 24-годишна девојка сака да го чуе – се присетила младата мајка во тешките моменти.

Со оглед на тоа што помина малку време од третманот, Меган не ја изгуби надежта. Таа се врати на тестирање во февруари следната година. Сепак, резултатите не се подобриле, а лекарите и рекле дека нејзиното тело не е компатибилно за ин витро оплодување.

Затоа девојчето не можеше да поверува кога неколку месеци подоцна дозна дека е бремена со своето „мало чудо“.
Мојот партнер Ерон и јас требаше да се вратиме на клиниката во септември, и да видиме какви можности сè уште постојат, но забременив во јуни 2019 година – рече девојчето и додаде:

Беше таков надреален момент кога дознавме.
Лекарите биле многу скептични, знаејќи ја здравствената историја на девојчето, а Меган се надевала дека бременоста ќе помине нормално. Конечно, во март 2020 година, двојката го доби синот, малиот Таиго, неколку дена пред Ирска да воведе карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Не можам да опишам како се чувствував кога се роди Таига – целосно надреално искуство. Тој е моето најголемо достигнување, понекогаш се прашувам дали ги правам работите како што треба, но гледајќи го неговото среќно, насмеано лице кога ќе се разбуди и пред да легне, ми се чини дека правам барем нешто како што треба – вели среќната мајка.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави