Норвежанката Ида Ходнебо (36) заедно со нејзиниот син Талак (7) шетала по должината на брегот на морето кога во еден момент шише со порака и го одвлекло вниманието.
Нејзиниот син кој го подигнал шишето инсистирал на тоа да тој, а не неговата мајка, ја прочита пораката.
Сепак, кога завршил со читање, заплакал.Пораката во шишето е испратена од Англија, а нејзин автор е десетгодишната Лили Картер. Таа го испратила во јули 2020 година, во надеж дека коронавирусот наскоро ќе исчезне. Таа напишала дека е осамена, дека и недостигаат нејзините пријатели, баба и дедо и дека би сакала некој да ја гушне“, изјави Ида за норвешките медиуми.
Таа додаде дека сметала дека тоа е шега и не е вистинска порака во шише, но кога ја видела реакцијата на нејзиниот син, знаела дека има нешто сериозно и емотивно во тоа.