ПРВИТЕ СИМПТОМИ НА ДИЈАБЕТЕС МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ ВО УСТАТА: Ова е јасен показател дека нешто НЕ е добро со вашето тело!Постојат бројни симптоми кои укажуваат на дијабетес како често мокрење, замор, невообичаени промени на кожата и разни габични инфекции. Сепак, експертите тврдат дека постојат и други симптоми кои укажуваат на тоа дека имате дијабетес, а тие се во вашата уста.
Дијабетесот тип 2 е се почеста болест во светот, а поврзана е со различни фактори како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите кои укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.
Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не е во состојба да го контролира нивото на шеќер во крвта.
Симптомите наведени од овој стоматолог се: црвени отечени непца кои повремено крварат, непца кои се оттргнуваат од забите, опуштени заби, сува уста, лош здив кој останува и по миењето.
Исто така, болеста на непцата позната како гингивитис е најчестиот проблем со оралното здравје поврзан со дијабетес. Шиан наведува дека гингивитисот се развива кога плаката и каменот се собираат на забите во близина на линијата на непцата и ги иритираат и воспалуваат непцата.
Луѓето кои живеат со оваа дијагноза имаат три пати поголеми шанси да имаат проблеми со непцата и забите, пренесува Еспресо