Предлог ручек за денеска: Старо италијанско јадење кое се подготвува од почетокот на есента – спремно за 20 минути

- Advertisement -

Предлог ручек за денеска: Старо италијанско јадење кое се подготвува од почетокот на есента – спремно за 20 минути

Едно од најпознатите италијански јадења е токму рижотото.

Со него не ви е потребен леб – само голема чинија свежа салата и имате комплетен оброк, хранлив и здрав за само 20 минути!

- Advertisement -
  • Потребни состојки:
  • 300 гр. тиква
  • 200 гр. ориз
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 100 мл. бело вино
  • 2 л. бујон
  • 40 гр. путер
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол, бибер
  •  50 гр. пармезан
  •  неколку листови свежа или сува жалфија

Начин на подготовка:
Тиквата излупете ја и исечкајте ја на коцки, а кромидот исечкајте го ситно.

Ставете 2 лажици маслиново масло во тава на оган и кога ќе се загрее, додајте го кромидот, лукот и сечканите листови жалфија и пржете околу половина минута.

Додајте го белото вино, а кога ќе испари, во тавата додајте уште една лажица маслиново масло и ставете ја тиквата да се пржи.

Посолете и пржете 3-5 минути со поклопен капак. Потоа додајте го оризот и промешајте. Додајте една чаша врел бујон и гответе, мешајќи. Полека додавајте го бујонот и повремено мешајте. Важно е бујонот да не испари, но и да не е премногу. Во меѓувреме, лесно изгмечете ја тиквата за да се претвори во пире.

Кога оризот ќе се свари, тргнете го од оган, додајте пармезан, путер и свежо мелен бибер и промешајте.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави