Преку одгледување црви до заработка од 3000 евра

- Advertisement -

За одгледување калифорниски црви вложувањата се релативно мали во однос на добивката од нив. Добивката може слободно да се мери со добивката од електрониката. Ова е констатација на американски финансиски стручни лица.

Бидејќи калифорниските црви многу брзо се размножуваат (на секои три месеци леглата се дуплираат) и капиталот многу брзо се оплодува. Со евентуалното одгледување на калифорниски црви во сточарските фарми, на фармите во голема мера им се поправа финансиската положба.

Одгледувањето ангажира многу малку работна сила. Kалифорниските црви се одгледуват во таканаречени легла со димензии: должина 2 м, ширина 1 м и висина 0,35 м. Во едно легло се сместуваат 100.000 црви, 1/3 возрасни, 1/3 мали и 1/3 јајца од црви. Главен ограничувачки фактор за запирање на ширење на фармите за одгледување на калифорниски црви е ресурсот од арското ѓубре.

- Advertisement -

Со прекратување на ширењето на фармата за одгледување на црви, фармерот црвите ги употребува како храна за стоката, наместо во легла за репродукција. Едно легло со црви годишно консумира еден тон прегорено арско ѓубре, а произведува 600 кг хумус и 120 кг црви за исхрана на стоката. Црвите се одлична храна за риби, живина и прашина, а преработени во фабрика како протеинско брашно се употребува во концентрат за исхрана на стоката.

Бизнис со калифорниски црви. Земјоделецот Драги Васев од Делчево годишно заработува и до 3 илјади евра од 6 лежишта каде ги одгледува црвите. Многумина земјоделци пробале да ги одгледуваат калифорниските црви и да произведуваат хумус, но не успеале, зашто одгледувањето на црви бара иста посветеност како и одгледувањето на секое домашно животно.

Органското производство е во тренд последниве години. Користењето хумус наспорти вештачките ѓубрива треба да донесе здрави производи и здраво население. Побарувачката на ова, според стручњаците најквалитетно ѓубриво е голема, а освен во хортикултурата, барано е и за прозвдоство на сите видови земјоделски производи, пишуваат од vrabotuvanje.com.mk.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави