Преку 40 години живее сам на планина: Темелно ги следи временските појави, а потоа забележал загрижувачка работа

- Advertisement -

Градот Готик во Колорадо, кој е наречен и град на духови, е едно од најстудените места во САД. Девет месеци е прекриен со снег насред недопрената шума и природа, а во него живее само еден човек. Повеќе од 40 години, неговиот моментален жител Били Бар живее во мала брвнара и секоја година ги забележува временските појави, количината на снег и протокот на животните.Зимите во Готик траат девет месеци, снегот ја затрупува колибата на Били, а тој во главно седи и чита покрај топлиот камин. На секои неколку недели скија до најблискиот град за да купи потребни работи. Со оглед на тоа го интересирало се околу неговиот дом, почнал да ги забележува временските појави, температурата, количната на снег…Тоа го правел од љубопитност, а по една деценија грижливо запишување на податоци за него дознале и научници, пишува “National Geographic”.

Така, преселувајќи се во некогашниот рударски град на духови, Били станал златен рудник за научниците. Готик, кој веќе тогаш бил целосно напуштен, го привлекол додека бил студент за заштита на животната средина. Се преселил во стара рударска колиба, за подоцна да направи куќа која ќе се снабдува исклучиво со соларна енергија.

Од зимата 1974-та година овој 68-годишник ги запишувал своите секојдневни опсервации на околината: високи и ниски температури, вкупна количина на снег, густина, но и како се однесувале животните, кога доаѓале, кога исчезнувале и мигрирале.

- Advertisement -

Сите тие негови детални записи станале неизмерно важен извор на податоци за научниците од разни подрачја. Го цитирале многу пати во академски публикации, а податоците на Били се покажале како многу корисни за оние кои ги проучуваат ефектите на климатските промени.

Били во Готик прво дошол со колега-цимер, кој на крајот си заминал. На прашањето зошто одлучил да остане во пустиот град сам, вели дека бил многу под стрес и дека не бил среќна личност.

“Не ми беше во главата – ох, излечен сум, дојдов тука и се е супер! Но, од првиот момент кога пристигнав знаев дека чувствувам мир. И така посакав да останам. Мислев дека можам да завршам колеџ и потоа да се вратам и да работам тука. Потоа помислив – чекај малку, па веќе сум тука!”, опишал Били како одлучил да остане на тоа место и таму да направи дом.

- Advertisement -

Вели дека на запишување на податоците го поттикнало учењето за околината.

“Кога живеете во град учите како да преминете улица. Некогаш минувате и на црвено, затоа што нема автомобили. Учите за околината без разлика каде живеете. Ова беше мојата околина. Снегот влијаеше на се што правам, и тогаш и сега”, објаснил тој. Освен снегот, забележувал и се што гледал. Вели, не било многу, бидејќи е прилично пусто во зима.

- Advertisement -

“Но, запишував секој ден кои птици ги гледав, кои цицачи. Уживав во тоа и тоа ме интересираше, па продолжив да го правам тоа со децении, и тоа им стана корисно на другите”, скромен е Били.

Својата занимација му ја спомнал на ботаничарот Дејвид Инује во 90-тите години.

“Ботаничарот тогаш ја проучуваше активноста и напредувањето на цветовите од година во година и му одговараа моите податоци за времето. Тој подоцна сето тоа го уреди од научна страна”, објаснува како неговите записи станале референтна точка на бројни научници. Вели дека не спие многу навечер и дека му здодеало да лежи во кревет и да гледа вести, па пред неколку години и сам почнал да ги проучува податоците.

“Тогаш почнав да ги забележувам трендовите во времето, своите белешки почнав да ги објавувам на својот блог. Климатските промени всушност воопшто не беа видливи до пред 10 или 15 години. На пример имаме 67 рекордно високи температури само во последните три зими, а 48 проценти од нашите забележани рекорди се случија само во 2010-та година. Тоа во 44 години бележење. Исто се случува и со снегот. Имаме осум дена помалку снег на површината, од што беше тоа случај претходно, заклучува Били Бар.

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави