Имав критична операција закажана утрото. Младата девојка мораше да се оперира од тумор на плунковната жлезда, тоа беше доста тешка и комплицирана операција – рече др. Басут.




Специјалистот од Универзитетот во Бурса – Улудаг, проф. д-р Огуз Басут го воодушеви целиот свет со својата храброст и одлучност.




Имено, за време на операцијата во Бурса се случи необична ситуација. На д-р Басут му се слошило за време на операцијата, но тој решил да не ја прекине започнатата операција со тоа што неговите колеги му приклучиле инфузија која го одржувала стабилен за време на операцијата, која траела два часа.




Според турските медиуми, почитуваниот лекар имал проблем предизвикан од труење со храна ден пред операцијата.
Тоа беше нормален ден за нас. Ден претходно имав труење со храна и дехидратација. Се чувствував добро од примањето инфузија претходниот ден. Имав критична операција закажана утрото. Младата девојка мораше да се оперира од тумор на плунковната жлезда, тоа беше доста тешка и комплицирана операција – рече др. Басут.




Тој исто така истакна дека верува дека сите медицински лица би го сториле истото во слична ситуација.